Пејачот Дарко Лазиќ кој пред повеќе од недена дена преживеа страшна сообраќајна незгода е во големи долгови, пишуваат српските медиуми. Лазиќ должел околу 400.000 евра.
Момците на кои пејачот им ги должел парите сега се во паника затоа што повредениот пејач, сега кога повеќе не може да пее, нема од што да ги врати големите долгови. Тие планираат да го притиснат неговото семејство и од нив да ги подмират долговите во што е можно пократок рок.
„Дарко должи многу пари и поради тоа пред несреќата требало наредните две години да работи само за луѓето на кои им должел. Морал да настапува таму каде тие ќе му договореле и за сума која тие ќе му ја одределе. За жал оваа несреќа го спречи во тоа. Тој сега нема да може да пее за нив и да ги враќа долговите, затоа што ќе мора да влезе во нови долгови за да го плати лечењето кое му претстои. За да на време го извлечат и она малку што останало од неговите родители, луѓето на кои им должи пари се насочиле кон неговото семејство. Некои од нив веќе ги побарале за да прашаат како е Дарко и дали му е потребно нешто, но тоа е лош знак, затоа што со јавувањата покажуваат дека не се откажале од долговите“, тврди извор близок до семејството.
Дарко Лазиќ според изворот дури и бил под голем стрес пред несреќата, поради грижата како ќе го врати долгот и дали повторно ќе биде претепан, како што тоа се случи во август годинава поради долг од 50.000 евра. Напаѓачите прво го испрскаа Лазиќ во очите, а неговиот пријател Милјан Врачевиќ го удриле со пиштол во глава.
„На никој не му е јасно зошто Дарко земал заем од 400.000 евра. Тој со години е еден од најплатените пејачи. Се зборува дека е поради коцкање. Пред несреќата му виселе за врат 24 часа, а сега работите се промениле. Тој веројатно ќе остане инвалид, а луѓето на кои им должи пари, сега ќе се насочат кон неговото семејство. Тоа се непоколебливи и опасни луѓе. Нив не ги интересира дали тој ќе има последици или не, нив ги интересираат само парите и само тоа им е во глава. Подготвени се и на најлошото само за да го вратат она што му го дале пред несреќата. Сега на мета е неговото семејство, кој веројатно ќе треба да го продадат целиот свој капитал за да извлечат жива глава. Тоа се многу силни и опасни луѓе кои не се плашат ниту од законот“, вели изворот.