Дарко Лазиќ го прекрши полицискиот час, го молел судијата казната да ја плаќа на рати

By

Српскиот пејач Дарко Лазиќ го прекршил полицискиот час и поради тоа судот му изрекол казна од 150.000 динари. Српскиот пејач во саботата вечерта со уште двајца другари, тргнал на пат кон Белград, а полицијата го пресретнала неговото возило. Било утврдено дека тој со себе не носел ниту возачка дозвола.

Како што пренесуваат српските медиуми, Лазиќ се обидел да ги убеди полицајците да не го пријавуваат. Полицијата го спровела на суд, каде судијата му изрекол казната, а Лазиќ се обидел да го убеди судијата големата сума пари да ја плаќа на рати, затоа што во овие моменти е без примања.

 

Ќе ви се допадне