Дарко Лазиќ ќе остане инвалид, предвидуваат докторите

Дарко Лазиќ заздравува од тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа пред една недела. Лекарите велат дека имал голема среќа што воопшто останал жив и не се премногу оптимистични.

Поради повредите со кои се здобил пејачот, потрес на мозокот, сериозно оштетување на ‘рбетот, пробиено белодробно крило, оштетување на бубрегот, девет скршени ребра, скршена бутна коска, скршена карлица, повреден колк и извадена слезина, заздравувањето би можело да трае со години.

Лекарите стравуваат дека пејачот би можел засекогаш да остане инвалид. Лекарскиот тим вели за медиумите дека голема е веројатноста пациентот да има трајни последици, што практично значи одреден степен на инвалидитет.

 

 

 

Scroll to Top