Дарко Лазиќ на настап во Германија дознал дека има вонбрачно дете

Пејачот Дарко Лазиќ, неодамна на настап во Германија, дознал дека има вонбрачен син, пишуваат српските медиуми. Според нив, непозната жена се појавила на неговиот настап и тврдела дека Дарко е татко на нејзиниот 3- годишен син, па барала да разговара со ного. Но, обезбедувањето ја спречило во тоа.

„Тоа беше вистински хаос. Сосема обична вечер се претвори во утврдување на татковство. Јас бев на влезот од клубот во кој Дарко пееше, имаше многу гужва, немаше игла кај да падне. Меѓутоа, во дојде девојка која направи сцена и инсистираше да ја одведат до Дарко. Велеше дека итно мора да го види затоа што треба да му каже нешто многу важно. Љубезно ѝ кажаа дека дискотеката не е место за расчистување на интимни проблеми и ја замолија да не прави проблем, но таа не сакаше да ги послуша. Откако не ја пуштија, им кажа да му соопштат на Дарко дека има уште едно дете, но обезбедувањето не обрна внимание на нејзините зборови“, открил извор за „Курир“ и додал дека тие подоцна му кажале на Дарко, кој останал во шок.

Пејачот  рекол дека нема вонбрачно дете, но ако се потврди дека синот е негов, тој ќе го признае. Според медиумите, тој наводно се исплашил дека некој го мести и затоа не сакал да разговара со девојката, но рекол и дека не може да поверува на што сè се спремни жените и дека ги користат децата за манипулација.

Scroll to Top