Пејачот Дарко лазиќ во неделата ја доживеа најголемата апстинентска криза од 23 октомври, кога му се случи тешката сообраќајна несреќа.
Негов близок пријател вели дека тој викал на интезивна нега и се заканувал дека ќе си го одземе животот доколку лекарите не му донесат кокаин. Персоналот бил приморан да го изолираат и да го оддалечат од останатите пациенти, кои биле вознемирени.
Изворот тврди дека Лазиќ паднал во апстиненциска криза, која од ден на ден била се посериозна, а во неделата вечерта бил во ментално растројство и рекол дека повеќе не сака да живее, затоа што не може да издржи без опијатите.
„Цел ден говореше дека физички се чувствува лошо, дека состојбата драстично му била влошена. Почнал психички да се чувствува лошо, а анксиозноста пораснала до таа мерка што ги вознемирил и другите пациенти кои се на интезивна нега. Во тој момент до него стигнал еден од четворицата чувари кои редовно водат грижа за неговата безбедност, а тој му побарал или да му даде дрога или да повика лекар. Кога лекарот стигнал, Дарко почнал да моли за кокаин и да им објаснува колку му е лошо“, вели изворот и додава дека кога сватил дека докторот нема да може да му помогне, направил хаос.
„Почнал да вика и да бара кокаин. Беше целиот црвен во лицето. Се обидел да стане, но залудно. Посакал да не го разбудат од кома за да не мора да ги трпи овие болки. Побарал повторно да биде успиен. Докторот морал да реагира и му даде нешто против болки и средство за смирување. Неговиот кревет го поместиле на ќош за да биде оддалечен од останатите пациенти. Бил повикан и психијатар за да разговара со него“, вели изворот и додава дека на лекарите во овој момент приоритет им било Дарко да се опорави од несреќата и организмот да му се доведе во ред.
Лечењето од зависноста од дрога ќе се третира на друг начин, велат докторите.