Српскиот пејач Дарко Лазиќ го уништи автомобилот марка „шкода суперб“, вреден 35.000 евра, додека од Виена се враќал во Белград.
Лазиќ „шкодата“ ја купил од поранешниот началник на сообраќајната полиција Драгиша Шимиќ пред месец дена, а ова му е втор инцидент откако претходно репортерите го фотографираа како зема бел прав (дрога) на свадбата на неговиот брат, поради што подоцна бил хоспитализиран.