Дарко Лазиќ влегува во „Задруга“, му требаат пари за долговите

Пејачот Дарко Лазиќ би можел наскоро да влезе во шоуто „Задруга“, пренесуваат српските медиуми. Ваквата одлука ја донел затоа што му се потребни пари за да ги отплати старите долгови, открива извор близок до пејачот.

Наводно му бил одземен автомобилот поради неисплатени рати, а секој месец мора да плаќа и алиментација за ќерката Лорен.

Управителот на „Пинк“ телевизија, веќе некое време е во договор со Лазиќ. Тие преговараат околу тоа дали Лазиќ да остане до крајот и да се бори за главната награда, или да биде во шоуто само неколку месеци.

„Дарко има финансиски потешкотии. Претходно живееше на висока нога. Трошеше, купуваше, но сега работите се сменија. Никој од естрадата нема сигурен приход“, изјавил пријателот на Лазиќ, кој додал дека со дел од хонорарот кој би го добил од „Задруга“ ќе може да си ги врати долговите.

Scroll to Top