Дарко Лазиќ во критична состојба, може да остане и без нога

Пејачот Дарко Лазиќ (27) кој во вторникот утрото доживеа тешка сообраќајна несреќа би можел да остане без една нога, велат од болницата во Белград.
Пејачот поради внатрешно крварење беше опериран вчера, а лекарите мораа да му ја отстранат слезината. Лазиќ со своето „БМВ“ излетал од автопатот, а подоцна било утврдено дека пејачот бил под дејство на алкохол и веројатно заспал зад воланот. Пожарникарите со крајни напори го извлекле неговото тело од уништениот автомобил.
Повредите биле големи затоа што Лазиќ го немал ставено ниту безбедносниот појас. Лекарите во болницата морале да го стават и во вештачка кома, затоа што му била скршена бутната коска, 9 ребра има хематом на главата, а во текот на вчерашниот ден бил испратен и на дијализа поради попуштање на бурегот.
Дарко е приклучен на машини кои дишат наместо него, а докторите прават се за да неговиот организам што побрзо самиот се избори со овие тешки повреди. Во моментов лекарите велат дека не можат да превземат никакви посериозни интервенции.

 

Scroll to Top