Дарко Лазиќ во критична состојба, откажа бубрегот

Здравствената состојба на пејачот Дарко Лазиќ е сè понеизвесна, а денеска српските медиуми објавија и дека еден од бубрезите на пејачот откажал поради што наредните часови се критични за него. „Дарко не е подобар, напротив. Полошо му е од вчера, му откажа еден од бубрезите“, вели извор за српските медиуми.

Тој додава дека сè е во божји раце и дека докторите не можат да направат ништо.

„Колку неговиот организам е силен и колку може да издржи, останува да видиме“, вели изворот.

Лазиќ вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа  на патот кон Белград, а возел пијан, објавија српските медиуми.

Scroll to Top