Дарко Лазиќ ѝ забранил на Ана Севиќ да пее

By

Ана Севиќ, поранешната сопруга и колешка на Дарко Лазиќ, за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ изјави дека не го обвинува  поранешениот партнер што ја запоставила музичката кариера. Таа вели дека пред сè се обвинува  себеси што се оддалечила од музиката.

Севиќ ја немаше на музичката сцена подолг период. Таа воопшто не беше активна откако ја добија ќерката Лорен, а во меѓувреме Лазиќ доживеа и тешка сообраќајна несреќа. Изминатиот период се раширија шпекулации дека токму Лазиќ е причината поради која Ана прекинала да пее и се посветила на кариерата на водител.

„Не ми бранеше до таа мера, но првично се обвинувам себеси“, кратко коментирала Севиќ.

Ана по разводот и тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа Лазиќ, сега одлучи повторно да се посвети на музичката кариера. Таа сега објави нова песна за која вети дека ќе биде голем хит. Во естрадните води Севиќ влезе преку музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Во шоуто на Амиџи Севиќ не сакала премногу да зборува за својот приватен живот, но сепак го споменала и својот поранешен сопруг, кој на крајот на минатата година дожива страшна сообраќајна незгода.

„Фала Богу одиме на подобро. Само со лесно“, изјавила Севиќ за здравствената состојба на Лазиќ.

 

 

Ќе ви се допадне