Дејан Миличевиќ: Може некој да ме утепа поради валканите тајни на познатите

Познатиот режисер Дејан Миличевиќ набргу ќе ја промовира својата нова книга во која ќе ги открие сите настани и случувања во текот на 27-годишната кариера.

Во оваа книга и самиот тој признава дека ќе има од сѐ по нешто, па дури и работи за кои, како што тој вели, се плаши за својот живот.

– Има сѐ и сешто во книгата, раскажани се и пријатни и непријатни случки. Работев со секакви луѓе, не сакам да ги именувам, ги чувам за својата книга. Замислете што сѐ може да има во овие 27 години работа. Може некој ќе ме убие дотогаш, но записите добро се чуваат во сеф – вели Дејан за својата нова книга.

 

Scroll to Top