Српскиот режисерот Дејан Миличевиќ кој пред две недели имаше мозочен удар, во јавноста раскажа што се случило со него во моментите кога тргнал во посета на неговата мајка.
„Доживеав транзиторна глобална амнезија, таканаречен TGA синдром, кој претставува тотално губење на памтењето на одредено време. Во мојот случај тоа траеше 12 часа. Тоа утро нормално станав од креветот, доручкував и почнав да се подготвувам за работните обврски. Кога дојде време за ручек, како и обично тргнав во посета на мајка ми која живее во близина. На пат оддеднаш застанав и не знаев каде се наоѓам. Го земав телефонот и го повикав мојот пријател. Му реков дека не знам каде сум тргнал и го замолив да ми помогне. Ми беше јасно дека нешто не е во ред, но мојот пријател ми објасни каде треба да одам. Стигнав до станот на мојата мајка, заѕвонев, седнав на софата и почнав да разговараме“, вели Миличевиќ.
„Потоа и реков на мајка ми, да ми помогне затоа што не се сеќавам на ништо. Таа повика Итна помош со оглед дека нормално разговаравме. Немаше никакви физички компликации, но тие не упатија на Ургентен центар. Најголемиот стрес за мене беше тоа што мајка ми се нервираше што ме гледа во болничка постела. Таа беше жената која се грижеше за мене, уште кога мојот татко не напушти. Сум имал само 20 месеци. Ми беше и како мајка и како татко. Се бореше како вистинска лавица. Не сакам никој да пати за мене и тоа ми беше дополнителен мотив за што побрзо станам на нозе и се опоравам. Мојата мисија е јас да се грижам за неа, а не таа за мене“, изјавил Миличевиќ за српските медиуми.
Српскиот режисер и фотограф минатата недела се појави на Модната недела во Белград, а тоа беше негово прво појавување во јавноста по незгодата.