Деловните состаноци ѝ ја одложија свадбата на Сузана Манчиќ

Сузана Манчиќ ја одложи својата венчавка вторпат годинава. Популарната лото-девојка на почетокот на годината најави дека на 31 март треба да се омажи за грчкиот банкар Симеон Оцомокос, и тоа на гондола во Венеција. Но, свадбата не се одржа. Како причина за ова Сузана ја наведе свадбата на ќерка си само неколку дена претходно во Лас Вегас.

Потоа Сузана изјави дека е одреден новиот датум – 2 септември – и дека сѐ е подготвено за нивната свадба. Но, и оваа венчавка се одложи, овој пат поради „сериозните деловни состаноци“ на нејзиниот свршеник. Следниот датум засега не се знае, но Сузана се надева дека ќе биде во блиска иднина.

Таа и Симеон се во врска цели 16 години, а таа го нарекува љубовта на својот живот.

Scroll to Top