Деми Мур џускаше на „Проклета е Америка“ во центарот на Белград

Беше многу весело, и јас бев пријатно изненаден, што една светска жена така нормално се однесува и се зеза“, изјави Тома Пантерс, кој беше домаќин на популарната актерка.

Покрај Џулија Робертс, уште една холивудска ѕвезда го посети Белград. Во прашање е Деми Мур. Славната актерка реши да го „проба“ ноќниот живот на српската престолнина, а во саботата мина на еден белградски сплав.

Оваа информација ја откри музичарот Тома Пантерс, која наведе дека Џеми уживала баш на неговиот угостителски објект.

„Беше многу весело, и јас бев пријатно изненаден што една светска жена така нормално се обиде да се зеза. Да речеме, со овие нашите песни, на брзите цигански џускаше“, изјави Тома Пантерес за емисијата „150 минути“.

Тој потоа раскажа кои песни уште и се допаднале.

„Беше таа нашата прочуена песна „Барбара“ и „Гилјам даде/Проклета е Америка“. Тоа повеќе пати го пеевме. Неверојатно е како ме воодушеви оваа жена. Таа е таков лаф, што и реков дека има циганска крв“, наведе Тома и откри дека мисли дека Деми Мур испила кај него ракија, кајсија или слива.

„Излегоа многу весели. Вели дека одлично си поминала“, заклучи Тома Пантерс.

 

Scroll to Top