Демонстрации и „чекан“ ако Слободан Милошевиќ добие споменик во Белград

Зелената еколошка партија „Зелени“ денеска повика да се одбие иницијативата за подигнување споменик на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, во Белград.

Претседателот на ЗЕП, Дејан Булатовиќ, вели дека доколку споменикот биде подигнат, партијата ќе организира демонстрации и дека тој лично ќе го уништел со чекан.

„Ви ветувам. На сите да им биде јасно, барем додека ние, ‘зелените’, сме на политичката сцена, нема да дозволиме вакво нешто да се случи во Србија“, изјави Балутовиќ пред новинарите во Студентскиот парк.

Група граѓани под името „Слобода“ неодамна предала поднела иницијатива  да  се подигне споменик на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ,  а улица и плоштад во центарот на градот да го носат неговото име.

Како причина за отфрлање на ваквата иницијатива Булатовиќ ја посочил деградацијата на земјата на светска сцена и ставот дека тоа уште повеќе би го поларизирало општеството.

Тој изјавил дека „зелените“ сакаат Србија да ја видат како демократска и почитувана земја во светот.

„Ајде да си признаеме едни на други дека Милошевиќ грешел, дека е виновен за многу работи, дајте повеќе да не го споменуваме и да се занимаваме со иднината“, изјавил Булатовиќ.

Претседателот на „зелените“ изјавил дека партијата, која инаку на белградските избори настапила на листата по платформата „Да го ослободиме Белград“, заедно во коалицијата со партиите ДС, СДС и Новата партија, го поддржале окрупнувањето на опозицијата, која, како што изјави тој, ја предложиле Драган Џилас и Борис Тадиќ.

 

Scroll to Top