Празникот Свети Василиј Острошки се празнува на 12 мај, а годинава се паѓа во понеделник.
Верниците го пречекуваат со длабока вера, тишина и надеж, бидејќи се верува дека на тој ден чудата стануваат можни.
Голем број верници во текот на целата година го посетуваат манастирот во Црна Гора, каде и преноќуваат оти меѓу народот постои верување дека свети Василиј ноќе станува од својот ковчег и оди по карпите над манастирот. Постојат многу свдоштва за чудата на овој светец и секој кој го посетил манастирот раскажува дека таму почувствувал посебна енергија која не може да се опише со зборови.
Молитвата кон свети Василиј Острошки е позната по својата моќ. Верниците веруваат дека носи исцеление, утеха и исполнување на желбите. Но, постои едно незаменливо правило – молитвата мора да биде искрена, изговорена од срце, без брзање, без страв, со целосна доверба во помошта на светителот.
Свети Василиј, голем угодник Божји, помогни им на сите, вклучително и мене. Голем бранителу на православната вера, заштити нè и нас кои ја држиме твојата света вера, и ние со надеж ти пристапуваме. Велики архиепископе Божји, моли се на Семоќниот Бог за целиот твој народ, а конечно и за мене, недостојниот и последен. Витезу Тврдошки и подвижнику Острошки, спаси нè од бедите на видливото и невидливото. Со твоите молитви и солзи затопли ја студената пештера Острошка, па сега затопли ги нашите срца со Божјиот дух, за да се спасиме и да го славиме Севишниот Бог и тебе, светијо Божји. Од целиот свет, болните и неволните доаѓаа во твојот живот, а ти им помагаше: ги изгонуваше демоните, ги раскинуваше оковите на ѓаволот и им даваше на луѓето ментално и физичко здравје. Затоа помогни, на крстени и некрстени, како и секогаш, сите, вклучувајќи ме и мене. Ти беше помирител на скараните браќа, помири ги сега сите што се скараат, браќа раздорни, развесели ги тажните, скроти ги своеглавите, исцели ги болните. Свети Василиј Чудотворец и наш духовен отец во Христа Исуса, нашиот Господ. Амин!