Цеца Ражнатовиќ јавно призна дека родителите Мира и Слободан, без разлика на музичките успеси што ги постигна, се’ уште и’ префрлуваат што нема факултетска диплома. Фолк-пејачката одлучи да проговори на таа тема, но и за прославата на својот роденден.
„Единственото нешто поради кои ми забележуваат родителите е што не завршив факултет, и тоа остана до денес. Без разлика какви музички успеси ќе нанижам, тие повторноќе ми кажат: ‘Да, но можеше да имаш и диплома на интелектуалец’, и така е нон-стоп“, признава пејачката, и открива каква прослава планира за 45-от роденден:
Вели „ Не ги кријам годините, бидејќи моите обожаватели знаат дека ќе наполнам 45 години. Ќе имам прекрасно дружење со пријателите, и тоа ќе биде повод убаво да си поминеме и да се дружиме.“