Денот на вљубените ни беше годишнина: Ана Бекута емотивна по својот Мрка

Српската пејачка Aна Бекута и Милутин Мркоњиќ Мрка, кој неодамна почина, важеа за една од најскладните двојки, а пејачката неколку пати рече дека со него нашла вистинската среќа.

„Половина живот ми помина во барање. Кога се запознавме имав 52 години, а тој речиси 70“, изјави Ана пред неколку месеци за „Хело“.

Таа тогаш раскажа дека Мрка бил многу внимателен и романтичен и за секој важен датум на Ана и приредувал изненадувања. Ана и Мрка всушност се запознале на Денот на вљубените и отогаш тој ден го славеле како годишнина. Вчера за Валентајн, таа првпат беше сама, без нејзината голем љубов. Бекута објави заедничка фотографија со Мрка, и напиша емотивна порака:

“Љубовта е дарежлива, добронамерна, не завидува, љубовта не се фали, не отекува, не е груба, не го бара своето, не е раздразлива, не се сеќава на злото, не се радува на неправдата, туку се радува на вистината. Покрива сè, верува во се, се надева на сè, сè поднесува. Љубовта никогаш не престанува“, напиша Бекута на Инстаграм.

 

Scroll to Top