Еден од најпопуларните српски фолк-пејачи, Тома Здравковиќ, кој почина 1991 година, имаше две деца, ќерка и син.
Од првиот брак со Олгица, Здравковиќ ја добил ќерката Жаклина. Бракот на пејачот со Олгица траел кратко. Тие се венчале 1963 година, а се развеле неколку месеци подоцна. Жаклина е првото дете на Тома, и денес живее во Холандија. Мајка е на две деца. Таа често доаѓа во Србија на манифестации организирани во негова чест.
Синот Александар се родил додека Тома бил во брак со втората сопруга, Гордана. Тој денес живее во Америка и работи музичка продукција.