Девојката на Омер се огласи: Елцин и Бариш се еден за друг

Неодамна, излезе вест во која се пишувше дека постои повеќе од пријателство помеѓу главните актери од филмот „Време за среќа“, Бариш Ардуч и Елцин Сангу. Но актерите, кај нас познати како Омер и Дефне, на премиерата на филмот “Време за среќа“, ставија точка на овие гласини, изјавувајќи дека нема потреба ниту да се отвара оваа тема.

Гупсе Озај, девојката на Бариш Ардуч, која исто така дојде на премиерата на филмот, со променета боја на косата и повеќе килограми , зардаи улогата во серијата „Делиха 2“, даде изјава за турските медиуми.

„ Елцин и Бариш имаа одлична хемија во серијата. Бариш и јас веќе не се ни оптеретуваме на овие вести. Боже мој, па дури и јас мислам дека тие двајца се еден за друг. Имаат одлична хемија и се одлични глумци“, изјави Озај на премиерата на филмот.

Scroll to Top