Фолк пејачот Џеј Рамадановски решил да оди на терапија за да ја излечи зависноста од алкохол. По тешката операција на срцето лани, тој одбиваше да се лечи и за српските медиуми неколкупати изјави дека нема намера да се откаже од алкохолот.
Како што пренесува српски „Курир“, засега Џеј се откажал од вискиото, но ќе мора да престане да пие и вино и ракија. Тој рекол дека пиел по 4 шишиња вино и по неколку чашки ракоја секојдневно.
„Порокот ми го загрози срцето и мора да побарам спас. Одлучив да ставам крај на тоа“, рекол Џеј кој веќе побарал и лекарска помош за одвикнување од алкохолот.