Џеј оди на лекување од алкохол

Фолк пејачот Џеј Рамадановски решил да оди на терапија за да ја излечи зависноста од алкохол. По тешката операција на срцето лани, тој одбиваше да се лечи и за српските медиуми неколкупати изјави дека нема намера да се откаже од алкохолот.

Како што пренесува српски „Курир“, засега Џеј се откажал од вискиото, но ќе мора да престане да пие и вино и ракија. Тој рекол дека пиел по 4 шишиња вино и по неколку чашки ракоја секојдневно.

„Порокот ми го загрози срцето и мора да побарам спас. Одлучив да ставам крај на тоа“, рекол Џеј кој веќе побарал и лекарска помош за одвикнување од алкохолот.

Scroll to Top