„По секое испитување, Џеј ги прашуваше лекарите дали може да пие и по колку“: Андријана шест месеци по неговата смрт

Легендарниот српски пејач Џеј Рамадановски почина минатата година на 6 декември, но сеќавањата на него сè уште се живи и уште долго ќе живеат.

Андријана Томаниќ, жената што живееше со него со години, вели дека често знаел кришум да пие со пријателите во кафеана.

„Јадеше нездрава храна, немаше како да влијаеме врз него да почне диета. Живееше во кафеана цел живот. Здравјето страда поради таквиот начин на живеење и исхрана. Тој не се откажуваше од алкохолот на ниту еден начин, сакаше да пие, а по секое испитување, ги прашуваше лекарите дали може да пие и по колку?“

„Понекогаш ми велеше дека оди на кафе, а по неколку часа кога ќе поминев низ Дорчол, го гледав пред кафуле како, место кафе, пие алкохол со луѓе од населбата“, се присетува Андријана, која вели дека немала ниту начин ниту срце да му забрани да пие.

„Знаев дека ме лаже дека не пие алкохол, но не можев да му забранам, немав срце. Многу ми е тешко да се помирам со фактот дека тој замина, сè потешко ми е тоа сознание“, раскажува таа.

Џеј отворено зборуваше за својата желба за пиење, дури и беше решен да замине на лекување од алкохол во мај 2018, но кон крајот на годината, а сепак во интервју за „Репортер“ раскажа поинаква приказна.

„Лекарите ми викаат ни една цигара, ама не можам. Не оставам ни цигари ни алкохол. Не сум алкохоличар, ама си пијам“, рече тој.

Ексклузивно со Џеј: Земав кокаин, крадев и сѐ уште пијам

Scroll to Top