Фолк-пејачот пејач Џеј Рамадановски вели дека сè уште е заљубен во својата поранешна жена Нада и дека сака пак да се ожени со неа. Иако се одамна разведени, а Џеј во меѓувреме многу пати бил во врска, тој тврди дека Неда му е најдобрата пријателка и дека никој не го разбира како неа.
„Ги имаме ќерките Марија и Ана, тоа е прво. Таа секаде одеше со мене, ме поддржуваше, ама на крајот ме остави заради алкохолот и жените, бидејќи ја изневерував често. Не можеше веќе да го трпи тоа. Денес имаме добра комуникација. Секогаш ме чувала, а и јас неа. Таа не работеше, јас цел живот работев за неа, уште од малк. Нада е мојата најдобра жена на светот, таа е мајка на моите деца, таа е народен херој штом со мене толку издржа. Сакам пак да се венчаме, овој пат ќе е поинаку“, рекол пејачот во едно неодамнешно интервју.
Тој додал и дека и кога се развеле верувал дека еден ден пак ќе бидат заедно.
„Знам дека јас и таа сме еден за друг. Во нашиот случај, го следев она правило ‘Никогаш не вели никогаш’. Се плашам од самотијата, а Нада секогаш беше единствена која секогаш најдобро ме познаваше и разбираше. Треба некој да се грижи за мене“.
Џеј вели дека и Нада го обожава него.
„Мојата Нада е кралица, сакам повторно ќе се оженам со неа“, рекол тој.