Џибони, Нина, Бајага пред 18.000 фанови ги пееја хитовите на „Парни ваљак“ на концертот посветен на Аки

Повеќе од 18.000 фанови уште еднаш се простија од Аки Рахимовски, на концертот што вчеравечер се одржа во загрепската Арена. Според „Јутарњи лист“, ова е најверојатно најемотивниот настап на „Парни ваљак“ во нивната 47-годишна музичка кариера, бидејќи тие првпат се појавија на сцената без нивниот фронтмен, пејачот Аки Рахимовски кој почина пред два месеца. Овој пат хитовите на Аки ги пееја неговите пријатели, Џибони, Бајага, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Нено Белан, Перо Галиќ, Дино Јелушиќ, Филип Рудан, Нермин Пушкар и синот на Аки, Кристијан Рахимовски.

Концертот почна со снимка од песната „За мало нежности“ и фотографии од Аки. Бендот го отсвире инструменталниот дел од песната, а потоа Хусеин Хасанефендиќ Хус, авторот на повеќето хитови на Ваљак, со помош на публиката ја отпеа песната „Застава“. По ова следуваа уште триесет песни од репертоарот на бендот, а вечерта заврши со настапот на Џибони кој ја отпеа „Све још увек мирише на њу“, кога на сцената му се придружија сите музички гости, пишуваат хрватските медиуми.

Scroll to Top