„Марко Јанјушевиќ намерно ја викна Луна, онака иронично, Џогани, на што таа му одговори да не ја вика така. Неа ја навреди начинот на кој тој тоа нејзи и го рече, а дека Луна се срами од своето презиме, тоа се лаги.
Џоле Џогани не може на Луна да и забрани како да се презива, затоа што тоа е презимето на татко му, а не негово уметничко презиме. Во спротивно на гробот на татко му би стоело презимето Џогани“, порача Анабела и брутално го поткачи Џоле.
„Чекај, дали сите го заборавивме дуетот на ќерката на Џоле и Диџеј Крмка? Плус тој зборува како неговите ќерки не би влегле во шоуто, а сите знаеме дека Силвија одеше на лекарски пред Фарма и тестот покажа дека е бремена! Но добро, Џоле има селективна амнезија, по потреба“, заклучи Анабела Атијас.
Откако Луна во „Задруга“ изјави дека не и годи кога ја викаат по презиме Џогани, се огласи и Џоле Џогани, кој жестокот ја искритикува, а тоа беше само почеток на семејната кавга, затоа што Анабела имаше што да каже во одбрана на својата ќерка.