Џуџест фокстериер е прогласен за најстарото куче во светот, има 154 кучешки години

Џуџестиот фокстериер, на возраст од 22 години и 59 дена или 154 години во кучешки години, Пебл е моментално најстарото живо куче на светот, а сега и официјално го доби тоа признание.

Рекордот беше потврден на 17 мај годинава, кога беше запишан во Гинисовата книга на рекорди, која ја „презеде“ титулата на чивавата Тоби Кит, кој на 21 година важеше за најстарото куче.

Сопственичката на Пебл, Џулија објасни дека кога ја видела приказната за Тоби Кит на вестите, се пријавила за влез во Гинисовата книга на рекорди.

Набргу потоа нејзината апликација била потврдена и на адресата на кучето пристигнала потврда за препознавање. Џулија рече дека Пебл била светлата точка во нивните животи. Таа откри дека се обиделе да ја третираат како дел од семејството и сакале да ѝ овозможат среќна средина, добра храна и соодветна здравствена заштита. Таа ги советувала и другите сопственици на кучиња да го сторат истото за нивните кучиња за да имаат шанса за долг живот.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pebbles (@pebbles_since_2000)

Scroll to Top