Додека Дарко Лазиќ со сите сили се бори за живот по сообраќајната несреќа која ја доживеа пред десетина дена, неговата сеуште законска сопруга и мајка на неговата ќерка Лорен Ана Севиќ, патува со дечкото Даниел Недељковиќ низ Европа.
Ана Севиќ штотуку се врати од краткото патување од Франкфурт каде со момчето била на шопинг два дена, водителката и пејачка сега испланира да го истера и одморот во Шпанија. Без разлика на лошата здравствена состојба на нејзиниот сопруг, кој и понатаму лежи во болницата „КБЦ Земун“ во Белград и го чека тешка операција на ногата, таа нема намера да го одложи планираниот пат.
„Ана и Даниел пред месец дена резервирале аранжман и решиле да се одморат надвор од Србија. Тогаш никој не претпоставил дека нешто ќе се случи со Дарко. Веројатно Севиќ по несреќата размислувала да го помести патувањето, но сепак не го направила тоа. Постои можност со себе да ја земе и нивната ќерка Лорен, а исто така може да и ја остави да ја чува мајка и Даниел. На пат би требало да тргнат во наредните денови. Ака сака да се сокрие и побегне од сето ова, особено по разнишаните односи со семејството и најблиските пријатели, по јавниот повик да не се дава крв за Дарко. Нејзините пријатели сега говорат дека треба да продолжи да живее како и претходно и дека сега има кој да се грижи за Лазиќ. И покрај тоа што и е тешко поради тоа што се случи, сепак факт е дека таа и Дарко одамна се разделени и дека Севиќ има право на свој живот“, вели близок пријател на Ана Севиќ.
Пејачката пред два дена се врати од Франкфурт, каде беше на концерт на Маја Беровиќ, во „Шатрк арената“.