Додека Цеца и Вељко се во изолација, Анастасија се забавува

Додека српската пејачка Цеца и Вељко Ражнатовиќ веќе неколку дена се во изолација во својот дом во Дедиње, поради тоа што се позитивни на коронавирусот, Анастасија се забавува со нејзните пријатели. Анастасија се тестираше со Цеца и Вељко и беше негативна на тестот.

Таа го искористи времето да се опушти и излезе со пријателите на вечера. Анастасија порача дека одлично се забавувала, а на социјалните мрежи објави фотографија од вечерата.

За потсетување, таа од неодамна стана милионерка на „Инстаграм“, бидејќи на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од милион фанови.

 

Scroll to Top