Дојава за бомба на концертот на Сека во Сараево

Пејачката Сека Алексиќ изминатиот викенд одржала концерт во Сараево, но во текот на нејзиниот настап сараевската полиција добила дојава за подметната бомба. Набргу било откриено дека дојавата е лажна.

„Лошиот глас се слуша побргу отколку добриот. За многу кратко време почнаа да ми се јавуваат семејството и пријателите да прашаат што се случило, но, за среќа, сѐ беше во ред. Според протоколот, сите мораа да излезат надвор да се прегледа објектот. Апсолутно никој не си отиде дома, сите се вратија назад по проверката. Ова е еден од успешните настапи што сум ги имала,“ рекла Сека по настапот.

 

Scroll to Top