Членот на жирито на „Гранд“, Ѓорѓе Давид, неодамна беше заразен со корона. Oткако оздраве, тој првпат јавно прозборе за болеста, симптомите и деновите поминати во болницата во Белград. Давид, гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ и раскажа дека пред да замине од болница, лекарите му рекле дека имал 50 посто шанса да преживее.
„Пред да ме пушти од болница, докторката ми рече дека на почетокот не биле сигурни дали ќе преживеам. Ми кажа дека ми дале 50% шанса да оздавам. Со мене во болница беше и менаџерот Бане Обрадовиќ. Сега е дома, но неговите шанси биле само 20 посто. За среќа, успеа да оздрави“, вели Давид.
Тој отишол во болницата затоа што неколку дена не се чувствувал добро. Кога лекарите му кажале дека мора да го задржат, Ѓорѓе прво сакал да отиде дома и да земе работи што му требаат.
„Лекарот ми рече: Нема мрдање од тука. Ги гледаш оние шест војници пред врата? Не можеш да излезеш. Потоа ми даде две апчиња, едно против ХИВ и уште едно. Редовно примав терапија и сега сум добар“, додај тој.
Давид во детали ги опишува и првите симптоми, и колку му било тешко да дише.
„Прво ги изубив чуството за мирис и вкус, па почнаа да ми трнат сите мускули на телото. Потоа нагло ми се крена температурата. Па падна на 34,6, а јас бев цел облеан во пот“, вели тој.
Во интервјуто познатиот музичар откри дека е изненаден од злобата на некои луше, особено од оние што велеле дека тој воопшто не бил болен, туку дека добил пари од државата за да лаже дека има корона и дека болеста лесн ја прележал.