Долго биле во врска! – Исповед на љубовницата на сопругот на Јелена

By

Медиумите во Србија на големо пишуваат за новата љубов на сопругот на убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ.

Српски „Курир“ веќе  почна да истражува која е новата девојка на Зоран Марјановиќ и дали има некаква поврзаност со убиството на пејачката.

Според нејзината изјава, дека ќе направи буквално сè за да биде со него, многумина се сомневаат дека и Зорица Митровиќ има вмешано прсти во грозоморното дело.

„Навистина. Со Зоран Марјановиќ бев долго време. Го сакам со целото мое срце и душа. За да го заштитам и да докажам дека е невин, би го превртела и целиот свет. Би го дала животот за него. Ќе направам сè засекогаш да бидам до него“, вели новата девојка на Зоран Марјановиќ.

Вака ја почна својата исповед новата девојка на сопругот на убиената Јелена, на кој му е одреден 30-дневен притвор.

Зорица вели дека постоела голема љубов и хемија меѓу нив, а српски „Курир“ деновиве ќе излезе со целосното интервју и повеќе детали околу случајот со Јелена.

 

Ќе ви се допадне