Драгана Мирковиќ го фатила бидермаерот, а Саша Поповиќ ја водел програмата на свадбата на Брена и Боба

By

Од венчавката на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ минаа 27 години, но таа и понатаму ја интригира јавноста. Се минало беспрекорно, но за жал на истата пристигнале и непожелни гости.

Нивната венчавка се одржа на 7 декември 1991 година, во салата на хотелот Интерконтинентал. Според некои наводи церемонијата чинела 50.000 германски марки.

Младенците биле одлично расположени, и судбоносното „да“ го изговориле гласно.

Бидермаерот го фатила Драгана Мирковиќ, додека гостите ги забавувала Ванеса Шокчиќ.

Свадбарската торта била огромна, со грамофонски плочи.

Колку интерес владеело за оваа свадба докажува и тоа дека „Дневник 2“, бил прекинат за да се вклучат директно во програма.

Венчаницата ја направила прочуената модна куќа „Диор“, специјално за Брена, по нејзини мерки, додека Боба носел црн смокинг.

На нивната свадба немало ниту еден политичар, додека од друга страна, имало голем број на гости од останатите сфери од јавниот живот.

Медиумите непрекинато го проследиле венчавањето, а Саша Поповиќ го водеше главниот дел од програмата околу свадбата и на самиот почеток ги повика сите присутни гости да го одиграат првото свадбено коло.

За поканетите имало подготвени 650 видови на јадења. 22 прасиња биле на скара, а свадбената торта била на пет катови.

Повеќе од 4000 писма стигнале на куќната адреса на славната двојка, а подароците пристигнувале од сите краишта на светот. Тогаш се шпекулирало дека една уметничка слика била вредна колку половина свадбена веселба.

 

 

Ќе ви се допадне

dubbed anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

sites to watch anime Josee, the Tiger and the Fish

Komi Can’t Communicate Episode 9

AnimeFreak My Hero Academia Season 3 (Dub)

anime website AnimeFreak Fairy Tail