Драгана Мирковиќ колабира на новогодишниот настап на Златибор

Српската пејачка Драгана Мирковиќ настапи на Златибор за Нова година, но за време на настапот ѝ се слоши и заврши во болница, пренесуваат тамошните медиуми.

Тие велат дека пејачката го прекинала концертот, по што примила инфузија. Но подоцна се вратила од болница и продолжила со настапот.

Пиар тимот на Драгана ја потврди веста и изјави дека таа добро се чувствува.

Следниот ден, на 1 јануари, таа настапи во Чуприја.

Scroll to Top