Драгана Мирковиќ направи хаос во Њујорк!

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ продолжи да соборува рекорди на посетеност на американскиот континент, со спектакуларниот коцнерт во Њујорк на кој уште еднаш ги помести границите кога се во прашње изведувачите од Балканот.

Фолк дивата го распродаде својот концерт неколку дена пред закажаниот термин, но тоа не ги спречи обожавателите да дојдат пред салата со надеж дека ќе биде пиштен дополнителен контигент.

 

Сепак, салата била премала, па стотина фанови останаа пред неа, без можност да уживаат во единственото тричасовно музичко доживување.

Драгана ги испеа хитовите на кои публиката претходно беше навикната, но и исполнуваше музички желби на луѓето кои на телефоните ги испишуваа имињата на омилените хитови и ги покажуваа кон Мирковиќ, која секогаш беше расположена на публиката да и излезе во пресрет.

 

Scroll to Top