Дуа Липа по реакциите за голема Албанија: Погрешно сум сфатена

Дуа Липа тврди дека никогаш немала намера да поттикне какво било омраза со својата објава на „Твитер“. Пејачката предизвика огромни реакции кога на социјалните мрежи сподели мапа што ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.

Таа во новата објава на социјалните мрежи вели дека е тажна и лута што нејзиниот твит е намерно погрешно протолкуван од некои групи и поединци, кои, додава таа, промовираат етнички сепаратизам, а тоа пејачката целосно го отфрла.

Под објавата со картата на голема Албанија имаше многубројни коментари од корисниците на мрежите од сите земји на Балканот, како Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Грција.

 

Некои од нив ја осудија пејачката дека шири национализам и фашизам, други се гордеат со неа, а имаше и повици за масовно да се пријавува содржината со цел да се отстрани од социјалните мрежи.

Scroll to Top