Свилар призна дека Саша Поповиќ му помогнал да победи во „Ѕвездите на Гранд“

Поранешниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Душан Свилар, призна дека Саша Поповиќ му помогнал да победи во музичкото шоу, така што му дал совет околу песните што ги спремал за финалето. Тој во емисијата „Гранд магазин“ откри детали од натпреварувањето.

„Во еден неформален разговор, многу пред финалето, Саша Поповиќ ни рече: ‘Бирајте песни што сите ги знаат, весели, опуштени. Јас да пеев во финалето, ќе ја изберев ‘Чија је оно звијезда’ од Чолиќ’ и мене тоа ми се врежа во главата. Иако секогаш ја слушав музиката на Чола, никогаш не би ја избрал таа песна. Но, поттикнат од муабетот на Саша ја спремив, ја пеев во финалето и победив“, рекол Свилар.

Душан победи во третата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во 2007 година.

Scroll to Top