Српскиот фудбалер Душко Тошиќ ќе оди на одмор во Дубаи без Јелена Карлеуша. Со него ќе бидат само ќерките Атина и Ника, пишуваат српските медиуми. Тие велат дека на фудбалерот не му е сеедно по секс скандалот на неговата жена и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, па дека сака да се тргне од медиумите и пријателите и да си ги среди мислите.
Иако двојката го планирала заедничкиот одмор од поодамна, по секс-скандалот Душко ѝ кажал на Јелена дека ќе оди на патување сам со децата. Според српските портали, Јелена во тоа време ќе има неколку настапи во Австрија и во Швајцарија.