Душко Тошиќ поднел тужба до медиумите кои пласираа дека ја изневерил Карлеуша

By

Фудбалерот Душко Тошиќ поднел тужба до медиумите кои ја пласираа веста дека ја изневерил неговата сопруга Јелена Карлеуша со блогерката Ана Јовановиќ.

Пејачката сподели во јавноста дека некои од медиумите во Србија намерно шират лажни вести за да ѝ го растурат бракот и нарушат имиџот.

Некои од медиумите пренесоа дека Карлеуша ја запознала љубовницата на Тошиќ, кога тој ја донел во нивниот стан и дека пејачката ги рекламирала нејзините костими за капење.

„Никогаш не сум ја запознала оваа девојка. Никогаш не сум ги носела нејзините костими за капење. Никогаш не била кај мене дома. Овие глупости ги пласираат некои од медиумите за кои сите знаат дека се опседнати со омраза кон мене. Душко овој пат поднесе тужба против нив“, напиша Јелена на социјалните мрежи.

И самата Јовановиќ ги негираше сите вести за аферата и ги замоли сите да престанат да објавуваат лажни информации, затоа што на овој начин нанесуваат штета на нејзиното семејство. Таа е во брак со пејачот Пеџо Јовановиќ, со кого има три деца.

 

Ќе ви се допадне

Watch Shingeki no Kyojin: Chronicle Episode Full (https://animefreak.ws/m/b5GB/ep-1) at AnimeFreak animefreak latest

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 7 (https://crunchyrollfree.com/m/7EY3/ep-7) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 1 month free