Два ексклузивни концерта на Масимо Савиќ во Скопје

По три години пауза, хрватската поп-ѕвезда Масимо Савиќ ќе одржи два ексклузивни концерта во Македонската филхармонија во Скопје, на 3 и 4 февруари. Овој пат Масимо ќе биде придружуван од неговиот бенд, а пред публиката ќе се претстави со своите најголеми хитови: „Додирни ме случајно“, „Странац у ночи“, „Да могу“, „Остани ту“, „Кладим се на нас“ и многу други песни кои ја одбележаа неговата 30-годишна музичка кариера.

Масимо, претходно, пред две години, одржа концерт на Антички во Охрид.

Влезниците за концертите на Савиќ ќе бидат пуштени во продажба утре (18 декември), по цена од 1.500 денари и ограничена количина ВИП-влезници по цена од 2.000 денари. Истите ќе бидат достапни за купување во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Scroll to Top