Финалето на „Survivor“ ( „Преживеан“) им припадна на две жени – Антонија Ивиќ од Загреб од синиот тим и Наташа Кондиќ од Нови Сад од црвениот тим. Натпреварувачите се соочија со најтешките предизвици досега, тестирајќи ги нивните физички граници, ментална сила и емоционална издржливост. Во синиот тим Антонија играше против Денис Свиличиќ, а во црвениот Наташа против Ања Андрејиќ. Во финалеto што го отворија Антонија и Денис, Денис го освои првиот поен, но Антонија го израмни веќе во второто коло кога освои бод и израмни. Во драматичната игра, на крајот, Антонија беше подобра со резултат 4:3.
Неизвесно беше до самиот крај и во првото коло во пресметката меѓу Ања и Наташа, а на крајот повеќе бодови зеде Наташа, која славеше на крајот на првата игра со резултат 4:3.
„Мамо, многу ми е мило што можам да се вратам дома“, се пошегува Антонија и го продолжи победничкиот говор: „Им благодарам на луѓето што ме поддржаа. Колку и да се зборува дека „Survivor“ е индивидуална борба, без мојот тим што го сретнав овде немаше да победам. Сакам сите деца што го гледаат ова да излезат од својата куќа и да почнат да спортуваат. Тие ќе бидат благодарни и среќни поради тоа. Ако спортот беше религија, јас би ја избрала таа религија во животот. Мојата цел во животот е да го промовирам психофизичкото здравје“.
На вториот полигон победата ја извојува Наташа во црвениот тим. Искрено, навивав за тебе“, ѝ рече Наташа на својата натпреварувачка Ања по добивањето на трофејот.
@ Никогаш не сонував за ова. Кога се пријавив, сите веруваа во мене, освен јас самата. Со ова сфатив дека треба да верувам во себе и дека навистина можам. Горда сум на сè што поминав во „Survivor“ и мојот личен „Survivor“ затоа што двете најголеми љубови на светот ги оставив дома. Во длабочините на душата знаев дека мајка им ќе ја донесе наградата дома“, изјави Наташа.