Една година затвор за поранешната Мис на Турција оти го навреди Ердоган

Една година затвор за поранешната Мис на Турција, Итир Есен, побарало турското обвинителство заради „отворено навредување на дел од јавноста“ на социјалната мрежа Твитер, пишуваат  турските медиуми.

Есен, која титулата Мис на Турција за 2017 година ја загуби во септември, откако и ја одзедоа еден ден после изборот за најубава жена на Турција, негираше било каква намера дека со објавата сакала да навреди некого. Пред одредувањето на датумот за судење, турскиот суд мора да го усвои барањето на обвинителството.

Есен, наводно, во својот твит менструалната крв ја споредила со крвта на убиените лица за време на обидот за државен удар во Турција со кој се обидоа  Ердоган да биде симнат од власт.

Scroll to Top