„Едвај чекам да пеам пред македонската публика“, Данијела Мартиновиќ пред концертот во Скопје

Хрватската пеачка Данијела Мартиновиќ на 14 февруари ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар во Скопје. Ова е прво гостување на Данијела во Скопје по речиси десет години. Концертот е дел од нејзината турнеја „Неописиво“, а освен најголемите хитови, публиката ќе слушне и дел од поезијата што ја пишува Данијела.

„Едвај чекам да пеам во Скопје, одамна не сум настапила пред македонската публика. Концертот се вика ‘Неописиво’ затоа што ќе биде едно интимно и поинакво искуство за секој што ќе дојде. Претходно не сум пеела во МНТ, но ме воодушеви изгледот на театарот. Верувајте, го чекам со душа 14 февруари“, рече Данијела.

 

Таа во Скопје ќе ја промовира и новата песна „Човјек без адресе“, а ќе ги испее и нејзините најголеми хитови „Нека ми не сване“, „Плеши са мном“, „То мало љубави“ и други.

Билетите за концертот се веќе во продажба на билетарата на МНТ и онлајн.

Scroll to Top