Ексклузивен концерт на Раде Шербеџија во Филхармонија

Балканската ѕвезда Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје на 25-ти февруари. Тој ќе настапи во Македонската филхармонија. Шербеџија доаѓа во Скопје со проектот „Ти би хтјела пјесмом да ти кажем“, а ќе ги настапи со репертоар во кој ќе ги има и „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“ и друго.

Пејачот, поет и актер ќе го придружува неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.

Влезниците за концертот на Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба во среда (25.12) по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари. Билетите ќе бидат достапни во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.

Scroll to Top