Емина ги запозна синовите со нејзиното момче

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна ги запозна синовите Јаман и Јавуз со нејзиното момче, турскиот милијардер Садетин Саран. Двојката е во врска повеќе од една година, па Емина сметала дека е време да ги запознае децата со Саран, пишуваат медиумите, повикувајќи се на близок пријател на пејачката.

„Таа се плашеше како ќе помине првата средба, но децата се воодушевени од Садетин. По неколку средби со него, дури и ја прашаа Емина дали ќе се мажи за него, бидејќи сакаат брат или сестра. Таа им објасни дека е уште рано за бебе, но не крие дека е среќна што се сложуваат“, рекол тој за „Ало“.

Пред врската со Саран, кој е еден од највлијателните бизнисмени во Турција, Емина беше во брак со музичарот Мустафа Сандал. Откако се разведе од него, таа неколкупати изјави дека вее никогаш веќе нема да се мажи.

Scroll to Top