Емина Јаховиќ лажела дека Лепа Брена ѝ е братучетка

Пејачката Емина Јаховиќ призна дека кога била мала ги лажела девојчињата дека Лепа Брена ѝ е братучетка. Таа вели дека уште од дете ѝ била голем фан на фолк-ѕвездата и дека со лагата сакала да ги импресионира своите врснички.

„Како дете повеќе се дружев со момчиња. Прво, играв фудбал со нив, па се префрлив и на кошарка. Секогаш подобро се сложував со момчињата. Девојките беа нежни кон мене, ама и знаеја да ме избегнуваат. Затоа ги лажев дека Брена ми е братучетка. Бев опседната со неа и со нејзината кариера, бев нејзин обожавател уште како дете. Во тоа време да се биде Лепа Брена беше нешто многу големо“, рекла Емина во интервју за „Гламур ТВ“.

Scroll to Top