Емина Јаховиќ никогаш повеќе нема да се мажи

Пејачката Емина Јаховиќ по десетгодишниот брак со колегата Мустафа Сандал, за медиумите откри дека никогаш повеќе нема да се мажи. Таа ги негираше шпекулациите што се појавија во јавноста дека можно е повторно да се омажи.

Пејачката, која пред неколку месеци ја започна врската со турскиот милијардер Садетин Саран, откри дека и покрај тоа што сè е во ред со нивната врска, нема намера да се венча со него.

„Не размислувам за венчавка. Нема никогаш повеќе да се мажам. Зошто жена која се остварила како мајка и минала низ развод, повторно некому би му рекла ‘да’? Зошто?“, изјавила Емина.

Емина откри детали од интимниот живот со Садетин, велејќи дека на почетокот била тешка за освојување.

„Мене човек тешко може да ме освои. Имав малку врски во животот и со мене може да биде само маж кој ме сака и почитува. Што се однесува до деца, отсекогаш сакав да родам ќерка и таа желба никогаш не исчезна во мене. Може еден ден да посвојам девојче кога ќе ги остварам моите деловни амбиции“, дополнила Емина.

Scroll to Top