Емина Јаховиќ денеска се огласи на Инстаграм и потврди дека се разведува од Мустафа Сандала.
Отвореното писмо на пејачката ви го пренесува во целост:
„Драги мои, поради љубовта и поддршката со која ме опкружувавте низ целата моја кариера, чувствувам желба и потреба да со вас секогаш бидам искрена, и кога ги делам убавите работи, но и кога се во прашање оние помалку убавите делови од животот, низ кои, за жал, сите понекогаш минуваме.
Затоа сакам од мене да го дознаете и ова. После 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не беше лесна, ниту беше наеднаш донесена, но беше взаемна, затоа што само после долги и отворени разговори, заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена со години, згасна.
Иако нашите животи ги продолжуваме одводено, јас на Мустафа секогаш ќе му бидам најискрен пријател и поддршка во животот, а сигурна сум дека и тој исто така ќе ми биде мене. Нашата најважна мисија е да останеме добри родители на нашите прекрасни синови, Јаман и Јавуз, и во таа мисија сме обединети и од тој пат нема да дозволиме ништо да не оттргне. Ова е прв и единствен пат да се огласам по овој повод, поради тоа што не сакав да читате погодувања низ медиумите на оваа тема, туку да ви кажам директно јас.
Ве сака вашата Емина.