Емина Јаховиќ сака да посвои дете

Пејачката Емина Јаховиќ во емисијата „Сценирање“, откри дека во иднина планира да посвои дете. Таа вели дека многу сака да има уште едно дете и дека ако останела во брак со Мустафа, сигурно досега ќе имале уште едно. Таа веќе ги има синовите Јаман и Јавуз.

„Јас сум жена која сака деца. Во иднина дури планирам да посвојам едно“, изјавила Емина, која зборуваше за својот живот.

„Јас сум жена која секогаш е заљубена, но не само во мажите. Заљубена сум во работата, моите синови, а што се однесува до мажите, во моментов можам да кажам дека сум слободно. Но, тоа не значи дека можеби нема да биде наскоро некое изненадување. Сега имам многу работа, а кога ќе се заљубам, нема да бидам толку продуктивна. Посконцентрирана сум кога имам простор да размислувам само за мојата работа“, зборуваше искрено Емина.

 

Scroll to Top