Емина Јаховиќ: Сменив 30 дадилки, имаше една од Бугарија – не ми даваше децата да си ги допрам

Емина Јаховиќ неодамна во интервју зборуваше за своите синови Јаман и Јавуз, но и за нивните дадилки, како и тоа дека на почетокот не верувала во никого.

„Променив 30 дадилки во првата една и пол година. Не ми се допаѓаше никој“, рече Јаховиќ и откри повеќе детали.

„Имавме една дадилка од Бугарија. Беше чудна. Не ми дозволуваше да го земам бебето кога сакав. Таа еднаш ми рече: „Не може сега, спие“ или нешто друго. „Остави ме, жено, бебето е мое!“ Утредента му реков на Мустафа дека мора да се ослободиме од неа“, изјави Емина за ТВ „Хепи“ и додаде:

„Една од нив беше одлична. Таа го научи мојот син да спие на време, го научи на дисциплина. Можеби ѝ ги оставив децата само двапати за кратко време, без тоа да биде некое службено патување“.

Scroll to Top